• сабота, 27 јули 2024

До утре е пријавувањето за штафетната трка на Business Run 2022

До утре е пријавувањето за штафетната трка на Business Run 2022
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Сите заинтересирани компании најдоцна до утре можат да се пријават за штафетната трка за тимови од македонскиот бизнис сектор, Business Run 2022, што ќе се одржи на 24 септември во Скопје. Во трката учествуваат компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и слични субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Северна Македонија. Трката ќе биде штафета со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри. На последното издание на трката најбрз беше тимот на Комерцијална Банка, втор беше ти-мот на Ендава, а третото место го освои екипата на Унибанка. Заинтересираните своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk, заклучно со утре, среда 21 септември. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија. Најбрзите три тимови на Business Run 2022 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг. Организатор на трката Business Run e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје. ар/са/

Остани поврзан