• петок, 23 јануари 2026

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег

Скопје, 22 јануари 2026 (МИА) - До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла, соопшти УХМР.

Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник./

Фото: МИА

Остани поврзан