• понеделник, 07 октомври 2024

До петок сончево и топло време, а од сабота врнежливо

До петок сончево и топло време, а од сабота врнежливо
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) - До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека од сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, соопшти УХМР. Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, додека максималните од 19 до 25 степени. Утре попладне претежно во северните делови времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во четврток и петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер. Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота. фф/ац/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан