• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло

До петок променливо облачно со локален дожд,  викендот сончево и топло

Скопје, 15 април 2025 (МИА) - До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата на УХМР, во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан