• четврток, 26 декември 2024

До крајот на 2024 година во ЕУ ќе почне продажба само на универзални полначи за телефони

До крајот на 2024 година во ЕУ ќе почне продажба само на универзални полначи за телефони

Брисел, 22 декември 2023 (МИА) - До крајот на 2024 година, сите мобилни телефони, дигитални камери, рачни конзоли за видео игри, преносни звучници, е-читачи, тастатури, глувчиња, преносни системи за навигација и слушалки што се продаваат во ЕУ ќе мора да имаат универзален USB приклучок за полнење, од типот Ц.

Од пролетта 2026 година ова ќе важи и за лаптопите, се вели во соопштението на словенечкото Министерство за економија, туризам и спорт.

Дополнително, полначите ќе можат да се продаваат одделно од електронските уреди, кои ќе бидат означени со пиктограм, врз основа на кој потрошувачот ќе може да одлучи дали ќе купи нов уред со или без полнач.

Се воведува и ознака со спецификација на капацитетот за полнење, со податоци за минималната и максималната моќност потребна за ефикасно полнење на електронските уреди.

Новото законодавство е дел од пошироките напори на ЕУ за намалување на е-отпадот и охрабрување за потрошувачите да донесуваат поодржливи одлуки, а новите правила ќе важат за производите што се пласираат на пазарот по датумот на почетокот на употребата, односно по 28 декември 2024 година или по 28 април 2026 година за лаптопи. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан