• сабота, 23 ноември 2024

До крајот на неделава ќе бидат исплатени средствата од скенираните фискални сметки

До крајот на неделава ќе бидат исплатени средствата од скенираните фискални сметки

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - До крајот на оваа недела се очекува да се заокружи исплатата на средства од скенираните фискални сметки за периодот април - јуни, соопшти попладнево Управата за јавни приходи. 

- Управата за јавни приходи подготви налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата. Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација, велат од УЈП.

Апелираат до граѓаните кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка да ја внесат точно својата трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот на ДДВ.

Исплатата на средствата се реализира по усвојувањето на ребалансот на Буџетот. бак/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан