• четврток, 26 декември 2024

До крајот на денот ќе се нормализира водоснабдувањето во Делчево

До крајот на денот ќе се нормализира водоснабдувањето во Делчево

Делчево, 6 јуни 2024 (МИА) - Водоснабдувањето во Делчево ќе биде нормализирано до крајот на денот, информираа од Јавното комунално претпријатие „Брегалница" Делчево. Прекинот на водоснабдувањето кој беше најавен, како што велат, е поради градежни зафати на доводниот цевковод во село Тработивиште.

-Градежните работи опфаќаат реконструкција на целиот јазол со замена на сите стари вентили и фасонски елементи и изградба на нова разделна шахта на доводниот цевковод кај село Тработивиште, како и инсталирање на електронско броило за протокот на количината на вода кон Делчево како дел од SKADA системот, информираа од претпријатието.

Во текот на вчерашниот ден бил извршен ископ и демонтажа на старите дотраени  вентили.

-Се работеше и на поставување инсталација, армирање и бетонирање на подлогата на разделна шахта. Во текот на денешниот ден се врши монтажа на нови вентили со пречник Ф315 и Ф400 и сите фасонски елементи и електронско броило. Се очекува во текот на денешниот ден да бидат завршени сите работи и градот Делчево и населените места кои се снабдуваат од овој систем да добијат вода, велат од претпријатието.

Овие активности се дел од проектот за водоснабдување на Делчево со кој  се решаваат проблемите со водоснабдувањето во Делчево. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан