• среда, 13 ноември 2024

До крајот на денов локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи

До крајот на денов локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - До крајот на денов и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде 25 степени.

Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

- Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период, соопштуваат од УХМР. ир/цр

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан