• петок, 27 декември 2024

До крајот на годината Србите ќе добиваат СМС предупредување за временски непогоди

До крајот на годината Србите ќе добиваат СМС предупредување за временски непогоди

Белград, 8 јули 2024 (МИА) - До крајот на оваа година граѓаните на Србија ќе добиваат СМС предупредувања за невреме на ниво на оштина или дел од територијата.

Според помошник директорот на српскиот хидрометеоролошки завод Горан Михајловиќ, СМС предупредувањата ќе бидат испратени преку „дефиниран систем за предупредување од катастрофи во наредниот период“.

Михајловиќ додаде дека предупредувањето ќе биде дефинирано „на ниво на општина, област или дел од територијата“.

-Доколку се очекуваат временски непогоди во западна Србија, граѓаните во другите делови на земјата нема да добијат порака со такво предупредување, рече тој. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан