• среда, 25 декември 2024

До кога ќе зборуваме за втор бран на Ковид-19, дали трендот ќе продолжи?

До кога ќе зборуваме за втор бран на Ковид-19, дали трендот ќе продолжи?
Скопје, 28 јуни 2020 
Во последниов период во јавноста може да се забележат низа текстови, дебати, колумни и прес-конференции поврзани со трендот на движење на новиот тип на корона вирус , КОВИД-19 во земјава. Голем дел од истите се осврнуваат само на определни периоди, истите ги поврзуваат со определени мерки, настани,празници. Понекогаш граѓаните во ваквите текстови се соочуваат со информации/податоци од кои јасно не може да се добие јасна слика, да се види трендот на движење на пандемијата во земјата –“одиме нагоре или надолу”.
Се разбира кон ваквата приказна се приклучуваат и низата на толкувања, обвинување и дебатирања поврзани со изборите кои не очекуваат, што дополнително ја заматува општата слика на поврзаноста: тестирани, заразени, преземени мерки, ограниченост на здравствениот систем. Тргнувајќи од ова, без претензии дека ја познаваме природата на вирусот и сите здравствени и социјални аспекти поврзани со истиот, решивме да презентираме генерални податоци и определени пресметки за трендовите на движење на определни аспекти од интерес за граѓаните - кога зборуваме за КОВИД-19. Не алудираме на транспарентноста на Министерството за здравство која е на исклучително ниво периодов, единствено се надеваме дека кога сите податоци од почетокот на пандемијата ќе се стават на едно место-сликата ќе стане појасна.
Како што растатат тестирањата, така расте и бројот на позитивни случаи на КОВИД-19.
–Подолу се презентирани податоци за бројот на спроведени тестирања и бројот на лица позитивни на КОВИД  –19 за период 01. Април до 23 јуни.
Бројот на спроведени тестирања започнувајќи од втората половина на месец мај бележи евидентен нагорен тренд. Ваквиот тренд достигнува највисока вредност на 17 јуни каде што во еден ден се спроведени 1391 тестирања.
Што се однесува на бројот на позитивни лица на дневна основа, и покрај зголемените тестирања со определено задоцнување(почнувајчи од месец јуни) кај истите се забележува исто така нагорен тренд - интензитетот на ваквиот тренд започнува да ослабнува дури по18 јуни.
Со цел да се избегнат дел од дилемите поврзани со (не)доволниот број на спроведени тестирања за КОВИД-19 вирусот во Македонија, и варијациите во бројот на случаи на позитивни на вирусот, во продолжение ги прикажуваме дел од движењата кои се апстрахираат од апсолутниот број на спроведени тестирања. Всушност се прикажани податоци за спроведениот број на тестирања, бројот на лица позитивни на вирусот КОВИД-19, како и дневната и кумулативната (вкупната) стапка на лица позитивни на вирусот КОВИД-19. Стапка на позитивни случаи на дневна основа “СПС –Дневно” го одразува процентот на позитивни лица во однос на вкупниот број тестирани лица за 24 часа. Од друга страна”СПС –Кумулативно” ја одразува кумулативната или вкупната пропорција на позитивни лица во однос на вкупниот број тестирани лица воопшто. Движењето и интензитетот на пандемијата во Македонија зазема одредени циклични движења кои се јавуваат во три одделни периоди:
- Првиот период го одразува движењето во месец април каде што може да се констатира дека на почетокот на месецот се забележува отстапување од просекот на лица позитивни на КОВИД-19 - оваа тенденција го ослабува својот интензитет во втората половина на месецот.
- Вториот период, кој по својот интензитет се разликува од двата останати периоди се јавува на почетоток на месец мај. Во првите десет дена на мај се забележува мало отстапување во интензитетот на пандемијата, кое споредено со интензитетот на претходниот период може да се смета за контролирано.
- Третиот период го карактеризира почетокот на месец јуни.Имено почнувајќи од месец јуни процентот на позитивни лица во однос на дневниот број на тестирани лица бележи остар нагорен тренд, за на средината на месец јуни да биде забележан досега највисок процент на КОВИД-19 позитивни лица (20,8% од дневните тестови на КОВИД-19 примероците се позитивни).
Оставаме на граѓаните од графичкиот приказ подолу и податоците да ги препознаат периодите, настаните и празниците после кои се забележува промена во трендот на пандемијата во земјата. Со цел подобро да го елаборираме вкупниот интензитет на КОВИД-19 вирусот во државата ја елаборираме кумулативната стапка на КОВИД-19 позитивни лица. Оваа стапка го подразбира односот помеѓу вкупните позитивни случаи и вкупниот број спроведени тестирања во текот на целиот период. Следејќи ја аналогијата од претходно и тука целокупниот период е поделен на 3 потпериоди. - Првиот период кој трае заклучно со 21 април е периодот каде што оваа стапка бележивредност поголема од 10% (до највисока вредност од 12%). Тоа значи дека, од 10%-12% од спроведени тестови во тој период резултирале со позитивни случаи. - Вториот период започнува од 22 април до 17 јуни, каде што кумулативно стапката е под 10% (во одредени денови достигнува и најниска вредност од 7,6%) -од вкупниот број тестирани 7,6% до 10% резултираат со позитивни случаи. - Третиот период ја опфаќа временската рамка од 18 јуни заклучно со 22 јуни (денот на креирањето на пресметката) каде што повторно од вклупнот број на тестирања, над 10%се позитивни на КОВИД-19. Согласно трендот на движење на кумулативната стапка-односот помеѓу вкупните позитивни случаи и вкупниот број спроведени тестирања, направивме скромен обид за предвидување на идниот однос позитивни случаиво однос на тестирани. Предвидените вредности индицираат на фактот дека во наредниот период (до 5 јули) се очекува трето зголемување на позитивните лица на КОВИД-19. Олеснителна околност е што предвидениот пораст на позитивни случаи, во споредба со претходните ќе биде од полесен карактер. Резултатите од анализата исто така покажаа дека доколку бројот на тестирања се зголеми за 10%, бројот на лица позитивни на КОВИД-19 ќе се зголемиво просек за 12,8%во периодот до 5 јули 2020 год. Доколку пак во пресметката го иземеме месец февруари и се задржиме на односот во месеците март, април, мај и јуни ваквиот процент ќе биде уште повисок и ќе изнесува 13,5%. Би сакале да завршиме со препораките кои ги соопшуваат сите надлежни институции од почетокот на пандемијата - одржувајте дистанца и хигиена. Овие трендови и пресметки се направени врз минатите движења и историски податоци, што не значи дека доколку значајно го промениме своето однесување ситуацијата не може значајно да се подобри во позитивна (или негативна ) насока. Проф. д-р Борче Треновски, Кристијан Кожески - Економски факултет - Скопје, УКИМ

Тагови

Остани поврзан