• сабота, 23 ноември 2024

До вторник променливо облачно и врнежливо, од среда стабилизирање на времето

До вторник променливо облачно и врнежливо, од среда стабилизирање на времето
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе изнесува 7. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, над 70 км/час, и услови за појава на град. Од среда следува стабилизирање на времето. бт/нд/

Остани поврзан