• вторник, 24 декември 2024

Дојче бан лани работеше со загуба од 2,4 милијади евра

Дојче бан лани работеше со загуба од 2,4 милијади евра

Берлин, 21 март 2024 (МИА) - Инвестициите во инфраструктурата, повисоките трошоци за енергија и работна сила, зголемените каматни стапки и штрајкови ја турнаа германската државна компанија Дојче Бан во поголема загуба во 2023 година, покажа извештајот објавен денеска.

Дојче бан минатата година забележа нето загуба од 2,4 милијарди евра, приближно десет пати поголема отколку во 2022 година.

Нивните приходи паднале за 13 отсто, на 45,2 милијарди евра. Прилагодената загуба пред камати и даноци (ЕБИТ) изнесува речиси една милијарда евра, по добивката од околу 1,2 милијарди евра во 2022 година. Оваа година компанијата повторно очекува позитивен резултат.

Товарот на компанијата беа инвестициите во инфраструктурата, кои треба да се протегаат во неколку години. Дојче бан лани инвестираше 7,6 милијарди евра во модернизација на железницата, а Владата треба да ги надомести годинава. Износот на инвестицијата беше за 16 отсто поголем отколку во 2022 година.

Дојче Бан и владата планираат да инвестираат рекордни суми во наредните години за обновување на железничката инфраструктура и зголемување на капацитетот.

Минатата година речиси третина од меѓуградските возови доцнеа поради преоптоварена мрежа. Побарувачката за железнички транспорт останува силна, изразена во 1,8 милијарди превезени патници во 2023 година, 5,8 отсто повеќе отколку во 2022 година. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан