• сабота, 21 декември 2024

Дојран доби од Словенија 1.300.000 евра за изградба на пречистителна станица

Дојран доби од Словенија 1.300.000 евра за изградба на пречистителна станица

Дојран, 13 февруари 2023 (МИА) - Општина Дојран доби од Словенија 1.300.000 евра за изградба на пречистителна станица.

Ова го соопшти градоначалникот Анго Ангов, кој потенцира дека заедно со добиените средства од Владата во износ од 135 милиони денари конечно ќе се реши деценискиот проблем со колекторскиот систем и пречистувањето на отпадните води.

-Добивме позитивен одговор од страна на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија за предлог проектот “Унапредување на заштитата на споменикот на природата - Дојранско Езеро преку подобрен третман на отпадните води во Општина Дојран. Благодарение на одличната соработка на Општина Дојран и Амбасадата на Словенија и со амбасадорот Милан Предан, 1.300.000 евра ќе бидат доделени за изградба на нова пречистителна станица. Предлог проектот е позитивно оценет и ќе биде вклучен во Програмата за CMSR за имплементација на меѓународна развојна соработка за периодот 2023 - 2024 година, информираше Ангов.

Со парите добиени од словенечката амбасада ќе се изградат и пречистителни станици во селата Фурка и Црничани, како и канализациски систем во село Црничани. рт/дма/

Остани поврзан