• среда, 18 декември 2024

Дојави за бомби во 16 училишта во Скопје и четири во Прилеп

Дојави за бомби во 16 училишта во Скопје и четири во Прилеп

Скопје, 15 февруари 2023 (МИА) - Во Министерството за внатрешни работи денеска до 14:40 часот било пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и четири училишта во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.- Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од МВР. цр/бак/

Остани поврзан