• сабота, 28 декември 2024

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта

Сараево, 26 ноември 2024 (МИА) - Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба.

Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон се на терен и вршат детален преглед, а во тек е евакуација на зградата.

Поради дојавата за бомба, одложени се сите рочишта во кантоналниот и општинскиот суд. Меѓу поважните рочишта што требаше да се одржат денеска се завршните зборови на Обвинителството на БиХ во врска со убиството на сараевските полицајци, како и случајот против Ибрахим Хаџибајриќ.

Дојавите за поставени бомби во зградата каде што се сместени двата суда зачестија во последните месеци, но засега сите беа лажни. ссм/

фото: архива

Остани поврзан