• недела, 22 декември 2024

Доцни замрзнувањето на водата и создавањето мраз на Артикот

Доцни замрзнувањето на водата и создавањето мраз на Артикот
Вашингтон, 27октомври 2020 (МИА) - Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот се уште не почнал да се замрзнува иако е крај на октомври. Засега тоа е најдоцен регистриран период во кој се уште не е создаден мраз. Климатскиот научник Захари Леби од Државниот универзитет Колорадо истакна дека Арктикот во моментот има најмало количество мраз за овој период.. - Количеството ова есен е апсурдно, мора да обрнеме внимание на овие показатели на климатските промени, напиша Леби на Твитер. Арктичкиот морски мраз најниска точка вообичаено достигнува во септември, а највисока во март, но сега дебелината на морскиот мраз е под просекот. Еколозите предупредуваат дека недостигот на мраз не е само предзнак на трагичните климатски промени, туку може да влијае и врз животот во морето, бидејќи мразот со себе носи хранливи состојки за арктичкиот планктон. Морето не е замрзнато поради необичното топло времне во северниот дел на Русија, сибирскиот топлотен бран од пролетта, како и глобалното затоплување. Создавањето на мраз на Арктикот е значително забавено изминатите години, а 2020, по 2018 е најлоша година. ми/

Остани поврзан