• вторник, 24 декември 2024

Доходовни измами за татковство во Велика Британија

Доходовни измами за татковство во Велика Британија

Лондон, 16 мај 2023 (МИА) - Британци земаат и до 10.000 фунти за лажно да го признаат татковството на децата на жените кои побегнале во Велика Британија, јави Би-би-си.

Британските граѓани се согласуваат да се запишат нивните имиња во матичната книга на родените за паричен надомест, што му овозможува на детето да добие британско државјанство и на мајката и дава право да остане во Велика Британија. Британците кои нудат такви услуги се рекламираат на Фејсбук, тврдејќи дека им помагаат на илјадници жени. Но, Мета тврди дека внатрешните правила го забрануваат овој вид рекламирање.

Адвокатката специјализирана за имиграциско право, Ана Гонзалес истакна дека измамите за татковство се „неверојатно добро развиени“.

Би-би-си наведува дека не може да го процени обемот на измамата, имајќи предвид дека Министерството за внатрешни работи не може да обезбеди податоци за бројот на случаи кои се во фаза на истрага. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан