• четврток, 26 декември 2024

Доставен Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2023 година

Доставен Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2023 година

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Главниот државен ревизор Максим Ацевски вчера го достави Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за 2023 година до претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираат од ДЗР.

Во текот на 2023 година, како што посочуваат, Државниот завод за ревизија ја реализираше својата Годишна програма за работа, со која беа извршени 66 ревизии, утврдени 957 состојби и дадени се 697 препораки, сите содржани во 100 ревизорски извештаи.

-Од вкупно 66 извршени ревизии, 47 се ревизии на регуларност, девет се ревизии на успешност, две се ИТ ревизии, четири се ревизии на усогласеност и четири Follow up – ревизии, прецизираат од ДЗР.

Нагласуваат дека главниот државен ревизор Ацевски во воведниот дел од извештајот „Капиталните инвестиции имаат додадена вредност доколку обезбедат навремени, квалитетни и континуирани услуги за граѓаните“ го истакнува значењето на ефективното користење на капиталните инвестиции за обезбедување на подобри услуги за сите граѓани. вј/аа/

Фото: МИА архива и Принтскрин 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан