• понеделник, 30 декември 2024

Досега превентивно евакуирани околу 19.000 лица на грчкиот остров Родос

Досега превентивно евакуирани околу 19.000 лица на грчкиот остров Родос

Атина, 23 јули 2023 (МИА) – Според првичните процени на полицијата, на грчкиот остров Родос поради големиот пожар, досега, превентивно биле  евакуирани околу 19.000 лица, туристи и локално население, објави грчката новинска агенција АНА-МПА  и коментира дека станува збор за најголемата акција за евакуација на жители и туристи што досега била спроведена во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. 

Мнозинството од евакуираните, 16.000 лица по копнена пат со возила и автомобили биле пренесени на безбедни локации, а останатите 3.000 по морски пат, со чамци и бродови на крајбрежната служба, но и приватни и туристички.  

Досега биле превентивно беа евакуирани 11 населени места, но и големи хотели.

АНА-МПА пишува дека според брзата помош и здравствениот центар на Родос, девет лица биле примени во болница со проблеми со дишењето и веднаш биле пуштени, а хоспитализирани се две лица, едно со скршеница по пад при евакуација на хотел и една 31-годишна бремена жена која е во добра здравствена состојба.

Паралелно, според истите информации на грчката новинска агенција, за подрачјата погодени од пожарот, тур-операторите издале наредба чартер- летовите да пристигнуваат празни за да се преземаат оние посетители кои сакаат да го напуштат островот. ср/сд/

Остани поврзан