• среда, 13 ноември 2024

Досега невидени писма на Чарлс Дикенс утре ќе бидат првпат изложени во музеј

Досега невидени писма на Чарлс Дикенс утре ќе бидат првпат изложени во музеј

Лондон, 30 август 2022 (МИА) - Повеќе досега невидени писма на англискиот писател од 19. век, Чарлс Дикенс, утре за првпат ќе бидат изложени во Музејот на Чарлс Дикенс и на интернет.

Станува збор за 11 писма што вклучуваат разни белешки и увид во навиките на авторот за читање и пишување, како и податоци за едно патување во Швајцарија, пишувани до пријател... Имено, на пр., во писмо од 10 февруари 1866 година, Дикенс се жали на одлуката за неработење на поштенската услуга и сообраќај во недела и се заканува дека ќе си замине од неговото соседство. „Би замолил да посочам дека најодлучно и најжестоко се противам на нанесувањето каква било непријатност врз себеси... Во најдобри односи сум со моите соседи - сиромашни и богати и верувам дека би им било жал да ме загубат. Но, ќе бидам дотолку попречен од предложеното ограничување што мислам дека тоа ќе ме принуди да го продадам мојот имот овде и да го напуштам овој дел од земјата“, пишува тој. Писмата се меѓу повеќе од 300 предмети што Музејот на Чарлс Дикенс ги набави од колекционер од САД во 2020 година. Збирката вклучува и лични предмети, портрети, скици, белешки и книги. Целата колекција, вредна 1,8 милиони фунти (2,1 милиони долари), Музејот ја купи со помош на Меморијалниот фонд на националното наследство, националните библиотеки и стипендијата „Дикенс“. Емили Данбар, кустос во Музејот, рече дека една од најдобрите работи за овие писма е тоа што го прикажува како пишувал во неговите 30-ти, 40-ти и 50-ти години од животот и разновидноста на темите што го окупирале неговиот ум. Чарлс Дикенс е писател на многу познати класици, како што се романите „Оливер Твист“, „Приказна за двата града“, „Големите исчекувања“ и „Дејвид Коперфилд“.  си/сд/

Остани поврзан