• сабота, 23 ноември 2024

Дориев го продолжи договорот со Согдиана

Дориев го продолжи договорот со Согдиана

Џизах, 9 октомври 2024 (МИА) - Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Љупче Дориев го продолжи договорот со узбекистанскиот клуб Согдиана на уште две години.

Дориев дојде во оваа екипа во 2023 година од тетовска Шкендија, па со своите квалитетни партии и изданија си обезбеди подобри услови.

Македонскиот фудбалер сезонава има постигнато десет гола и е прв стрелец на тимот.

Во досегашната кариера Љупче има настапувано уште за Хоризонт Турново и Академија Пандев. дс

Фото: Фејсбук

Остани поврзан