• среда, 13 ноември 2024

Дополнителни 146 милиони денари во буџетот на општина Гази Баба со новиот ребаланс

Дополнителни 146 милиони денари во буџетот на општина Гази Баба со новиот ребаланс
Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Со новиот ребаланс на буџетот за 2021 година, касата на општината Гази Баба се дополнува со нови 146 милиони денари. Како што информираат од општината ова е втор ребаланс во кој се дополнуваат нови приходи, а со овие два ребаланси, буџетот на општината е зголемен за 371 милион денари. -Новите средства во буџетот се наменети за подобрување на инфраструктурата во општината. Градење на водоводни и канализациони системи, и реконструкција на улиците. Обезбедени се средства за продолжување на веќе започнатите капитални проекти за изградба на фекална канализација во Јурумлери, Смилковци, Гоце Делчев, Трубарево ,Црешево и фекалната мрежа во Попово Маало и Страчинци. Како и асфалтирање на улиците каде градежните активности се завршени, соопштуваат од општината. Воедно додаваат дека обезбедени се средства за реконструкција на улиците „Палмиро Тољати“, улицата „2“ во Инџиково, Христофер Жефаровиќ, улица „22“ во Синѓелиќ, улица „5“ во Трубаерево, како и сервисни улици во Економија, Колонија, Виниче, Идризово, Булачани, Страчинци и Камник. Покрај средства од општината, обезбедени се дополнителни 53 милиони денари, односно вкупно 73 милиони денари кои се предвидени за инфраструктурата во населбата Хиподром 2. -И покрај сите блокади кои ги имавме овие години издржавме и останавме посветени на граѓаните. Немало и нема да има, ниту една блокада, која може мене и мнозинството советници да не спречи да работиме посветени на Гази Баба, се наведува во соопштението.свс/дма/

Остани поврзан