• недела, 24 ноември 2024

Дополнителни акции за чистење на шахтите и сливниците во Скопје поради најавата за дожд и невреме

Дополнителни акции за чистење на шахтите и сливниците во Скопје поради најавата за дожд и невреме

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) -  ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека нивни екипи во изминатите денови и утрово на терен спроведуваат дополнителни акции за чистење на сливниците и шахтите, особено на критичните точки во Скопје, поради прогнозата за  врнежи од дожд и засилен ветер. 

Претпријатието соопшти дека покрај редовното одржување на атмосферската канализација, тимовите распределени по реони работат на рачно и машинско чистење на сливниците и шахтите за да се овозможи нејзина непречена функционалност.

-Апелираме до граѓаните, совесно и одговорно да се однесуваат кон канализациската линија, атмосферска и фекална, бидејќи таа не е депонија за одлагање на секаков тип отпад, кој пироднесува до затнување на линиите и при поголемо количество на вода дури и поплави, укажува ЈП Водовод и канализација – Скопје.

При чистење на атмосферската линија во изминатите денови, како што информира претпријатието, отстранети биле повеќе од 15 кубни метри отпад, што е дел од причините за намалување на протокот на вода во системот.

-Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжуваат да работат во интерес на граѓаните на град Скопје и организирани во дежурни тимови остануваат на терен се додека не помине овој циклус на променлива временска прогноза проследена со силно невреме, се наведува во соопштението. хс/сст/

Фото: ЈП Водовод и канализација - Скопје 

Остани поврзан