• вторник, 24 декември 2024

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество во посета на Штип

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество во посета на Штип

Штип, 15 март 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денеска беше во посета на Општина Штип. Андоновски се сретна и со директори на основни и средни училишта, градинки и јавни институции, а тема на разговор им било колку училиштата и градинките се поврзани со институциите на централно ниво.  

Андоновски посочи дека на  средбите разговарале за дигитализацијата и потешкотиите на институциите кои ги имаат со централната власт.  

-Со месеци се заглавени систематизацијата и годишните планови за вработување и согласности во МИОА и МОН. Ова било пракса се до моето доаѓање, но ќе го промениме тоа. Целта ни е се да дигитализираме и да се користат овие услуги кои денес ги зборуваме, рече  Андоновски. 

Посочи дека решение за проблемот е користење дигиталните алатки.

-Со зголемување на динамиката на процесите внатре во институциите, ќе ги надминеме потешкотиите со коишто се соочуваат. Општина Штип работи на дигитализацијата со два портала на услуги, што е за пофалба, и јавно ги повикувам и другите општини да го следат овој пример, додаде Андоновски. 

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, рече дека како локална власт работат на подобрување на условите во градинките и во училиштата. Во текот на годината се прават низа  реконструкции и модернизирање на објектите, а за листите за чекање на децата во градинките, според Јорданов, решението е во ангажирање кадар во овие институции. вдј/хс/

Фото: МИА 

Остани поврзан