• среда, 13 ноември 2024

Дончиќ за Ирвинг: Се чувствувам како да го изневерувам

Дончиќ за Ирвинг: Се чувствувам како да го изневерувам

Далас, 29 април 2024 (МИА) - Предводникот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ мисли дека не му помага доволно на својот соиграч Кајри Ирвинг во серијата со Лос Анџелес Клиперс. Словенецот чувствува дека го разочара, признавајќи го истото на прес-конференцијата по поразот од Клиперс со 111-116 во натпреварот бр. 4.

-Треба само повеќе да му помогнам. Се чувствувам како да го изневерувам, па треба да го подигнам нивото. Вистината е дека треба повеќе да му помогнам. Тој дава се од себе и беше неверојатен во текот на целата серија, рече Дончиќ.

И покрај тоа што забележа „трипл-дабл“ од 29 поени, 10 скока и 10 асистенции, Лука шутираше само 1/9 од далечина на синоќешниот натпревар. Кајри од своја страна постигна 40 поени на 14/25 шут од поле и ги задржа Маверикс во игра до крајот.

Од почетокот на серијата со Клиперси, Ирвинг има просек од 28,8 поени, 6,0 скока и 4,5 асистенции при 51% шут од поле, додека Дончиќ има просечни 29,0 поени, 9,8 скока и 8,5 асистенции при 39% шут од поле.

Натпреварот број 5 ќе се игра во четврток во 4:00 часот по македонско време во Лос Анџелес. дс

Фото: Архива

Остани поврзан