• недела, 28 јули 2024

Дончиќ го надмина рекордот на Џабар

Дончиќ го надмина рекордот на Џабар
Орландо, 20 август 2020 (МИА) – Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ оствари историски резултат во НБА лигата. Словенецот ноќеска во вториот меч од 1. коло од плеј-офот против Клиперси постигна 28 поени и со вкупно 70 стана најпродуктивниот играч во првите два плејоф дуела во историјата на НБА. Досега рекордот му припаѓаше на легендарниот центар Карим Абдул-Џабар со 69 поени. Инаку, Далас го доби натпреварот со 127:114 и изедначи на 1-1 во серијата. Резултати на другите три синоќешни средби: Торонто – Бруклин 104:99 Денвер – Јута 105:124 Бостон – Филаделфија 128:101. зс/

Остани поврзан