• четврток, 26 декември 2024

Донирани 24 компјутери на училиштата во Крива Паланка и Ранковце

Донирани 24 компјутери на училиштата во Крива Паланка и Ранковце

Крива Паланка, 19 септември 2023 (МИА) - Со донација на 24 десктоп комјутери за потребите на образовните институции од Крива Паланка и Ранковце, Централна Кооперативна Банка уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност како компанија. Благодарение на паланчанецот, Борче Стојчевски, долгогодишен работник во банкарскиот сектор, донацијата се реализираше во неговиот роден град, во училиштето кадешто го завршил основното образование ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, а донација од 12 компјутери е доставена и во општина Ранковце.
Обезбедените вкупно 24 десктоп компјутери со нови софтвери се наменети за користење во воспитно-образовни интитуции од Ранковце и Крива Паланка.
-Донирани се 12 компјутери, во координација и соработка со директорот Дане Петровски, кадешто беше и искажана потреба за надополнување на техничката опрема, особено за подрачните основни училишта, а донирав и во општина Ранковце, каде донацијата ја прими градоначалникот Борче Спасовски. Јас како родител на три малолетни деца од нив одблиску ги согледувам потребите што ги имаат и секогаш кога сум во можност, се трудам да помогнам за подобри услови и можности за сите дечиња. Заедно со мојата фирма успеавме да го реализираме тоа и овојпат, на моја инцијатива, рече Стојчевски. 

Стојчевски како долгогодишен работник во приватниот, банкарски, сектор, ја искажа својата доблест како личност иницирајќи донација токму во образовниот секртор, бидејќи, како што рече, младите се иднината на општеството и за нив секогаш треба да се бориме и да вложиме уште повеќе.

-Благодарност за донацијата од страна на банката и господинот Стојчевски, кој не го заборави училиштето во кое го завршил образованието, а тука се образоваат и неговите деца. Секоја донација и поддршка насочена кон младите е добредојдена. Инаку, ООУ „св.Јоаким Крчвоски“ има современи услови за работа во кои постојано вложуваме, како во инфраструктура, така и во надгледни средства и опрема, така што, сите наши училишта располагаат со добра и современа техничка опрема, стабилна интернет конекција, смарт табли во сите училници во централните згради, како и компјутери и потребни технички додатоци во подрачните школи кои редовно ги набавуваме со заштедените средства од блок-дотациите од МОН во буџетот на училиштето. Донираните компјутери во најголем дел ќе ја надополнат техниката во подрачните училишта и во дел од кабинетите, рече директорот на ООУ „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, Дане Петровски.

Општина Ранковце како локална самоуправа ја прими донацијата од ист број, 12 десктоп комјутери, коишто, според градоначалникот Борче Тодоровски, ќе бидат исто така доделени и распределини за потребите на институциите од образовна дејност, ОУ „Х Т Карпош“ и останати.

Стојчевски најави дека во претстојниот период ќе се донира и во останати институции во Крива Паланка.ид/лв/

Остани поврзан