Донирани перници, навлаки и чаршафи за кавадаречката Општа болница
- Оваа поддршка има големо значење за унапредување на условите за престој и грижа на нашите пациенти. Хуманите гестови како овој, директно придонесуваат за поквалитетна здравствена услуга, поголема удобност и достоинствен третман на пациентите, посочија од Болницата.
Кавадарци, 23 јануари 2026 (МИА) - ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кавадарци доби 100 перници, 100 навлаки и 100 чаршафи, донација од „Home sweet home“.
Од кавадаречката Болница денеска изразија благодарност за покажаната општествена одговорност.
- Со оваа донација беа обезбедени 100 перници, 100 навлаки, 100 чаршафи. Оваа поддршка има големо значење за унапредување на условите за престој и грижа на нашите пациенти. Хуманите гестови како овој, директно придонесуваат за поквалитетна здравствена услуга, поголема удобност и достоинствен третман на пациентите. Ви благодариме за покажаната општествена одговорност, солидарност и грижа за здравјето на граѓаните. Заедно градиме похумано и подобро здравство, информираа од кавадаречката Болница. свд/дма/
Фото: МИА архива