• недела, 24 ноември 2024

Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата

Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) – Собранието попладнево во рамки на 8-та седница едногласно со 84 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.

Со дополнувањата на Законот во членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучок од ставот (9), односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се врши дополнување во членот 237 преку додавање на став (14) кој е усогласување со членот 1 од овој закон односно има иста цел обезбедување на сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија.

Со ова решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

Претходно, законските дополнувања беа усвоени од матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика и на Законодавно-правната комисија. вј/лв/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан