• четврток, 26 декември 2024

Донесена уредба за активирање на единствениот број за алармирање на кризи Е-112

Донесена уредба за активирање на единствениот број за алармирање на кризи Е-112
Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) - Владата денеска ја донесе Уредбата за организацијата и функционирањето на единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата територија на Републиката - Е-112.Како што соопшти владината прес-служба, Е-112 има за цел да обезбеди континуитет на управувањето со итни повици, како унапредување на мерките и апликациите за навремено определување на локацијата со цел брза и навремена реакција на сите служби опфатени во системот за справување со кризи.-Е-112 исто така обезбедува брзина и ефикасност во постапувањето при итни повици за итни случаи за помош и се овозможува достапност до системот на сите лица на територијата на Република Северна Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори, се наведува во соопштението. мд/са/

Остани поврзан