• четврток, 26 декември 2024

Донесена одлука за испраќање припадници на Армијата во неколку странски мисии

Донесена одлука за испраќање припадници на Армијата во неколку странски мисии
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - На денешната владина седница на предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Припадници на Армијата ќе бидат испратени во НАТО мисијата „NATO Mission Iraq - NMI“ во Ирак, во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово, во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence - eFP ) во Летонија, како и во меѓународната операција на ОН, „УНИФИЛ“ во Либан. нд/са/

Остани поврзан