• петок, 20 декември 2024

Донев: В четврток состанок на Советот за безбедност на бугарската Влада

Донев: В четврток состанок на Советот за безбедност на бугарската Влада
Софија, 25 септември 2022 (МИА) - Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Гулаб Донев, за БНР најави дека ќе го свика Советот за безбедност на Владата за да донесе конкретни одлуки и мерки и дека неговата земја е подготвена за реакција, јави дописникот на МИА од Софија. Според Донев делумната мобилизација што ја најави претседателот на Русија доведува до ескалација на тензиите и до фактот дека земјите во Европа и оние кои се блиску до конфликтот помеѓу Русија и Украина, да не знаат до кога ќе продолжат воените дејствија и со каков интензитет. - Постапката на Русија е неприфатлива, особено што таа е постојана членка на Советот за безбедност на ОН и треба строго да ја почитува Повелбата на ОН и да не се заканува на која било друга земја со воена сила, што е директно кршење на Повелбата на Организацијата, истакна Донев. Тој додаде дека Бугарија нема да ги признае референдумите што се одржуваат во четирите региони во јужна и источна Украина, категоричен беше в.д. Донев истакна дека постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но „до овој момент нема директна воена закана“. - Во исто време министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во својот говор на 77. седница на Генералното собрание на ОН ги нарече дејствијата на Русија во Украина нелегална воена агресија. Русија, според Милков, не само што ја дискредитира глобалната безбедност, туку создава опасност за целиот меѓународен поредок заснован врз правила. Тој го осуди одржувањето на референдумите во окупираните четири украински региони, велејќи дека тие не се слободни и фер и дека тие не мора да имаат значење за другите земји во светот. нк/ми/

Остани поврзан