• четврток, 26 декември 2024

Донација и благодарници од Извидничкиот одред во Крива Паланка за поддржувачите на проектот „Боренка“

Донација и благодарници од Извидничкиот одред во Крива Паланка за поддржувачите на проектот „Боренка“

Крива Паланка, 6 февруари 2024 (МИА) – Со одлука на старешинството на Извиднички одред „Наум Наумовски-Борче“ Крива Паланка,  денес им беа доделени донации и благодарници на фирмите, јавни установи и поединци за поддршката во реализација на проектот „Боренка“-младинска акција за волонтеризам и активизам.

-Денес доделивме благодарница за Јавно претпријатие Национални шуми, подружница шумско стопанство „Осогово“ Крива Паланка  во знак на благодарност за подршката и учеството во реализација на проектот „Боренка“, а со одлука на старешинството на одредот донирана е моторна дупчалка. Истите му беа врачени на директорот на ПШС „Осогово“, Ивица Митовски, информира старешината на одредот, Соња Ангеловска.

За особен придонес, кофинансирање,техничка подршка, медиумска промоција и учество во проектот „Боренка“ реализиран во 2023 година, старешинството на одредот донесе одлука за доделување благодарници и на: Општина Крива Паланка, Ирена Белешковска, дописник на МИА,  основните училишта „Св. Јоаким Крчовски“ и ООУ„Илинден“, средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ и еколошко-акцијашко здружение „Осоговски акцијаши“ Крива Паланка.

Проектот „Боренка" се реализираше со поддршка од Општина Крива Паланка и УНДП, а опфати: едукативна програма со осум работилници во кои беа вклучени 603  деца од Крива Паланка, пет промотивни настани за заштита на животната средина, тридневен едукативен „Боренка камп“ со деведесетина учесници и засадени над 2000 дрвца во акцијата за пошумување опожарено земјиште. ид/хс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан