Донација за семејства во социјален ризик во Пустец од Црвената полумесечина
- Локалната власт на општина Пустец, во соработка со хуманитарната организација „Црвена полумесечина“, обезбеди помош за семејства во општината, кои се во неповолна социо-економска положба.
Дебар, 13 декември 2024 (МИА) – Локалната власт на општина Пустец, во соработка со хуманитарната организација „Црвена полумесечина“, обезбеди помош за семејства во општината, кои се во неповолна социо-економска положба.
-Помошта се состои во печки на дрва, како и ќебиња. На 10 домаќинства им се доделени печки на дрва, кои ќе им помогнат во загревање на домовите во зимскиот период. Добивме и 10 пакети со ќебиња, кои ќе бидат распределени на повеќе семејства, во зависност од бројот на членови. Изразувам благодарност за великодушноста и посветеноста кон нашата заедница, изјави за МИА, Пали Колефски, градоначалник на Пустец.
Додада дека овој акт на солидарност носи топлина и надеж за оние кои најмногу имаат потреба и понудваат чувство дека не се заборавени.
Во рамки на соработката со оваа хуманитарната организација, Колефски најавува и друга хуманитарна помош и додава дека реализираат контакти и со други организации и амбасади за реализација на проекти во интерес на жителите на оваа општина.
Неодамна амбасадата на Јапонија во Тирана, на општината и донираше ново возило-багер, кое и беше повеќе од неопходно. Доделено им е врз основа на апликација на повикот на Амбасадата за учество на соодветниот проект, вреден над 70 илјади евра. вт/дма/
Фото: општина Пустец