• сабота, 27 јули 2024

Донација за санирање на оштетениот кров од невремето во детската градинка „Весели цветови" во Делчево

Донација за санирање на оштетениот кров од невремето во детската градинка „Весели цветови
Делчево, 19 август 2022 (МИА) – Се санира кровот на детската градинка „Весели цветови“ што беше оштетен во невремето што минатиот месец го зафати Делчево. Санацијата, како што информираа од градинката, се реализира со донација од општествено одговорна компанија. -Градинката „Весели цветови“ од Делчево деновиве доби донација во неопходен материјал потребен за санирање на оштетениот дел од кровот од невремето кое не зафати. Донацијата е на општествено одговорната фирма „ПАБ“ Делчево за што јавно се заблагодаруваме до сопственикот Влатко Величковски кој го донираше неопходниот материјал и ребрестиот лим од 50 квадрати кои ќе бидат употребени за санација на оштетениот кров, истакнаа од градинката „Весели цветови“. Деновиве, во тек е и санацијата на дел од покривот во деветолетката „Ванчо Прке“ што исто така беше оштетен како последица на невремето. Во невремето кое минатиот месец го зафати Делчево, најмногу штета имаше на кровните конструкции на објектите во центарот на градот, чија санација се уште трае. Станари на три колективни згради во центарот на Делчево се уште ја чекаат најавената парична помош. вс/ки/

Остани поврзан