• недела, 28 јули 2024

Донарума нема да го напушти ПСЖ во зимскиот трансфер рок

Донарума нема да го напушти ПСЖ во зимскиот трансфер рок
Париз, 27 септември 2021 (МИА) - Голманот Џанлуиџи Донарума не планира да го напушти Пари Сен-Жермен во зимскиот преоден рок, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо. Претходно, имаше гласини дека фудбалерот може да ја смени клупската средина претстојната зима, бидејќи не е задоволен од фактот дека не е прва опција за почетниот состав. Манчестер сити и Реал Мадрид покажаа сериозен интерес за голманот на италијанската репрезентација. За потсетување, Донарума се приклучи на ПСЖ како слободен агент во летниот преоден рок. Оваа сезона, Италијанецот учествуваше на два натпревара од францускиот шампионат, на кои прими еден гол. зс/

Остани поврзан