• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Доналд Трамп Јуниор пристигна во Белград

Доналд Трамп Јуниор пристигна во Белград

Белград, 11 март 2025 (МИА) - Синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор пристигна во Белград каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, го посети Белград за време на предизборната кампања во САД во септември минатата година. Тој тогаш организираше вечера за група бизнисмени во хотел во центарот на Белград.

Синот на американскиот претседател е еден од клучните советници на неговиот татко и одигра голема улога во изборната кампања на Доналд Трамп.

Доналд Трамп Јуниор е извршен потпретседател на Организацијата Трамп и ја води компанијата заедно со неговиот помлад брат Ерик. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан