• среда, 25 декември 2024

ДОМ: Кога Владата веќе ги задолжува граѓаните бенефит да видат сите

ДОМ: Кога Владата веќе ги задолжува граѓаните бенефит да видат сите

Скопје,11 ноември 2024

Зелената партија Демократска Обнова на Македонија – ДОМ бара од  Владата на РС Македонија дел од  парите, од 500 милиони евра кредит од Унгарија, да се потрошат за ремедијација на барем две-три жешки точки со опасен отпад.

Приоритет да биде големата депонија со HCH изомери во ОХИС и депониите со арсен во с.Лојане (во непосредна близина на основно училиште „Рилиндја“) и с.Табановце (до пругата). Со вака паметно потрошени пари ќе се  елиминираат заканите по здравјето на граѓаните и животната средина.

 Демократска Обнова на Македонија (ДОМ)

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: ДОМ

Остани поврзан