• петок, 27 декември 2024

ДОМ и се придружува на граѓанската иницијатива во Кочани за распишување на референдум

ДОМ и се придружува на граѓанската иницијатива во Кочани за распишување на референдум
Скопје, 15 јуни 2021 Зелената партија ДОМ и се придружува на граѓанската иницијатива во Кочани за распишување на референдум за изјаснување на граѓаните на Кочани за изградба на мала хидроелектрана на Мала Река. За ова барање на граѓанската иницијатива Грин.Орг се исполнети сите законски услови и она што преостанува е Советот на општина Кочани на својата следна седница да го стави граѓанскиот предлог на гласање и да се произнесе по однос на барањето од граѓаните. Ние, како Зелени, сме апсолутно против изградбата на оваа мала хидроелектрана, која е на едната од двете притоки на езерото Градче, на само стотина метри од границите на зоната за строга заштита ,,Голема Река”, и е во територијата на заштитеното подрачје Осогово. Количините на потенцијално произведената електрична енергија од Мала Река се толку многу мали, што не можат во никој случај да ја надополнат штетата, која хидроелектраната трајно ќе ја нанесе врз автохтониот природен потенцијал и биодиверзитетот на овој дел од Осогово, кој е дом на ендемски видови животни и растенија, поради што и не случајно е прогласен за заштитено подрачје, а дел од планината и меѓународно е препознаена како IBA - зона од витално значење за популацијата на загрозени видови птици. Градежните зафати за изградба на електраната несомнено ќе влијаат и врз зоната за строга заштита Голема Река, а Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот веќе даде негативно мислење за изградбата и поради оцената дека овој проект ќе има штетно влијание врз туризмот и туристичкиот потенцијал кој го крие овој регион. ДОМ – Канцеларија за односи со јавност ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан