• недела, 20 октомври 2024

Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон, изјави неговиот портпарол

Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон, изјави неговиот портпарол

Ерусалим, 19 октомври 2024 (МИА) - Домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северниот израелски град Цезареја бил погоден од дрон, изјави неговиот портпарол.

Премиерот не бил во областа во моментот на нападот. Според истиот извор, нема повредени.

Претходно, израелската армија соопшти дека беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, во близина на домот на Нетанјаху. Во инцидентот нема повредени, а пресретнати се уште два дрона. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан