• среда, 18 декември 2024

Домот на Касиљас претресен во акција за даночни затајувања

Домот на Касиљас претресен во акција за даночни затајувања
Порто, 5 март 2020 (МИА) - Во Португалија се одржа масовна акција за да се соберат докази за сомнителни даночни измами при трансфер на фудбалери. Беше претресен и домот на шпанската легенда Икер Касиљас, кој е двократен европски шампион. Самиот Касиљас изјави дека е „апсолутно смирен“ во врска со истрагите и има „целосна доверба“ во португалскиот правосуден систем. Полицијата откри дека се истражуваат 76 различни трансакции и во вчерашната операција учествувале скоро 200 агенции за спроведување на законот, 101 даночен инспектор и 16 судии. Договорите под истрага се одвиваат од 2015 година и се смета дека станува збор за перење на пари од страна на клубови и агенти во големи размери. Во моментот, властите не кажуваат информации за проверките што ги започнале.

Остани поврзан