• среда, 13 ноември 2024

Домот на Епстин во Менхетн продаден за 51 милион долари

Домот на Епстин во Менхетн продаден за 51 милион долари
Њујорк, 11 март 2021 (МИА) - Луксузната куќа на Џефри Епстин во њујоршката општина Менхетн, е продадена завчера, за околу 51 милион долари, на непознат купувач. Приходите од продажбата ќе бидат префрлени на Програмата за отштета за жртвите на Епстин, на којашто сега повторно може да се поднесат нови побарувања. Си-ен-ен претходно објави дека независниот управител на Програмата ЕВЦП, Џорди Фелдман престанал да отплаќа побарувања на 4 февруари, бидејќи паричните средства во фондот биле многу мали. Откако ја прецени финансиската состојба, Фелдман ќе ја повлече суспензијата на плаќањата. Финансиерот Џефри Епстин беше обвинет за трговија со малолетници заради сексуално искористување, а некои жртви беа и помали од 14 години. Епстин не ја призна својата вина. Во август 2019 година тој беше пронајден мртов во својата ќелија, во очекување на судењето. Главниот медицински стручњак во Њујорк изјави дека причина за смртта е самоубиство со бесење.  си/

Остани поврзан