• среда, 25 декември 2024

Домаќинот Струга со тимот на Еурофарм Пелистер ќе го отворат 52. Струшки ракометен турнир

Домаќинот Струга со тимот на Еурофарм Пелистер ќе го отворат 52. Струшки ракометен турнир

Струга, 7 август 2024 (МИА) - Со натпреварот меѓу домаќинот Струга и тимот на Еурофарм Пелистер на 14 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“, ќе почне 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2024“.

Церемонијата на свеченото отворање е закажана за 19 часот и 55 минути, а потоа ќе следува натпреварот меѓу бранителот на титулата Вардар и екипата на Тиквеш.

Според објавениот распоред, на вториот ракометен ден, во терминот од 18:30 часот, Струга ќе се соочи со грчки ПАОК, додека во 20 часот и 40 минути Тиквеш ќе игра со Екскилстуна Гуиф.

На 16 август во првиот термин ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а потоа ќе играат Еурофарм Пелистер и Паок.

Последниот ракометен ден ќе почне во 10 часот и 30 минути со мечот за 5. место, додека натпреварот за 3. место е закажан за 18:30, а големото финале ќе се игра во 20:30 часот. сс/зс/

Остани поврзан