Домаќините на Светскиот куп 2026 ги добија групите, Трамп доби награда од ФИФА
- Во „Центарот Кенед“ во Вашингтон стартуваше извлекувањето на групите за Светскиот куп 2026
Вашингтон, 5.декември 2025 (МИА) – Во „Центарот Кенед“ во Вашингтон стартуваше извлекувањето на групите за Светскиот куп 2026. Ова ќе биде прво Светско првенство на кое ќе учествуваат 48 репрезентации поделени во 12 групи и ќе бидат одиграни 104 натпревари од 11.јуни до 19.јули следната година.
На извлекувањето се наоѓаат претседателот на САД Доналд Трамп, кој од ФИФА ја доби и првата награда за мир што ја доделува Светската фудбалска федерација.
Покрај Трамп присутни се и претседателката на Мексико Клаудија Шајнбаум, како и премиерот на Канада Марк Керни, тројцата како претставници на државите ко-домаќини.
Пехарот на церемонијата го донесе селекторот на Аргентина (светски првак) Лионел Скалони.
Канадскиот премиер ја извлече својата држава во групата Б, Шајнбаум го извлече Мексико во групата А, додека Трамп ја одреди репрезентацијата на САД да биде дел од групата Д.
Извлекувањето е во тек, а една од водителките е Хајди Клум. мн/
Фото: ЕПА