• среда, 25 декември 2024

Домашната градежна оператива со зголемена работа во странство во првиот квартал

Домашната градежна оператива со зголемена работа во странство во првиот квартал

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 158 247 000 денари, што е за 10,8 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави  Државниот завод за статистика. 

Во наведениот период, градежната оператива од државава во странство извршила градежни
работи во вкупна вредност од 49 822 000 денари, што е за 16,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во првиот квартал годинава македонските градежници бележат  договориле и вршеле работа во  Германија, Црна Гора, Бугарија,БиХ и Албанија. лв/са/

фото: МИА архива 

Остани поврзан