• вторник, 19 ноември 2024

Доларот јакне во однос на главните светски валути

Доларот јакне во однос на главните светски валути

Вашингтон, 10 јули 2023 (МИА) - Вредноста на американскиот долар и денеска продолжува да расте во однос на главните светски валути, во исчекување на следните чекори на Федералните резерви на САД (ФеД).

Кон средината на денот по централно европско време курсот на еврото во однос на доларот се намали до 1,0959 долари а од нивото по затворањето на берзите кое беше 1,0967 долари. Курсот на доларот спрема јенот порасна до 142,44 јени од 142,07 јени. Индексот на доларот (курс во кошничката од валутите од шест земји, трговски партнери на САД) се покачил за 0,15 отсто до 102,42 поени. Доларот исто така поскапуваше и денеска наутро, демонстрирајќи малку посилна динамика.

Пазарите ги очекуваат наредните чекори на Фед, централната банка на САД. Според CME Group, 92,4 отсто од аналитичарите сметат дека ФеД во јули ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 отсто, од сегашните пет на 5,25 отсто. Традиционалното зголемување на стапките го засилува доларот. Одлуката се очекува на 25 и 26 јули.

Покрај тоа, во среда ќе бидат објавени податоци за потрошувачките цени во САД во јуни. Аналитичарите сметат дека годишната инфлација се намалила до 3,1 отсто од четири отсто месец претходно. Тие податоци ќе влијаат на одлуката на централната банка и соодветно на курсот на доларот. кб/ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан