• недела, 28 јули 2024

Док Риверс ќе го води Истокот на НБА Ол-стар

Док Риверс ќе го води Истокот на НБА Ол-стар

Милвоки, 4 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Милвоки, Док Риверс ќе го предводи тимот на Источната конференција на Ол-стар натпреварот во НБА, објави прес-службата на лигата.

Шеесет и двегодишниот кошаркарски стручњак го презеде Милвоки на крајот на јануари. Тимот под негово водство одигра три натпревари на кои го победи Далас (129:117), а загуби од Денвер (107:113) и Портланд (116:119).

Пред Милвоки, Риверс работеше за Филаделфија, Лос Анџелес Клиперс, Бостон и Орландо.

НБА Ол-стар викендот ќе се одржи од 16 – 18 февруари во Индијанаполис, Индијана. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан