• четврток, 26 декември 2024

Доживотен затвор за учество во неуспешниот воен удар во Турција

Доживотен затвор за учество во неуспешниот воен удар во Турција
Анкара, 7 април 2021 (МИА) - Судот во Анкара осуди на доживотен затвор четири поранешни припадници на претседателската гарда поради учество во неуспешниот воен удар во 2016 година против претседателот Реџеп Тајип Ердоган, јави турската новинска агенција Анадолија.
Осудените се помеѓу 497 осомничени. Тие се прогласени за виновни по повеќе точки, вклучително и обид за уривање на уставниот поредок и обид за убиство на претседателот на Турција.
Тие се обвинети дека извршиле рација во Турската радио телевизија (ТРТ) и ги принудиле новинарите да емитуваат соопштение за пучистите и дека е нападнато седиштето на Генералштабот на турската армија.
Во обидот за пуч на 15 јули 20216 година загинаа 2458 луѓе. По неуспешниот воен удат илјадници луѓе се уапсени и осудени попради поврзаност со движењето на Ѓулен.
Турција како организатор на воениот удар го обвинува Фејтулах Ѓулен, кој живее во САД. По неуспешниот воен удат илјадници луѓе се уапсени и осудени попради поврзаност со движењето на Ѓулен. А повеќе од 100.000 луѓе добиле отказ од јавните служби поради слични обвиненија. ми/

Остани поврзан