• понеделник, 23 декември 2024

Дождот како можна заштита на градот од недостиг на вода

Дождот како можна заштита на градот од недостиг на вода

Амстердам, 17 ноември 2022 (МИА) - Дождот може да стане клучен природен извор за заштита на градовите од можен недостиг на вода. Холандската компанија „Вејвин“ (Wavin) веќе работи на тоа, па директорот Фрисо Клапвијк објасни за што се работи.

- Единственото нешто што го правиме кога ќе почне да врне е отворање чадор, а дома ја пренасочуваме водата да тече во олуците, што спречува поплавување. Чудната работа во природата е што таа го впива дождот и го користи за дрвјата и растенијата. Што треба ние да направиме? - Да го одржиме водениот циклус каков што го знаеме во природата и да го воспоставиме во градовите. Неопходно е да се задржи дождовницата и повторно да се користи во градовите, нагласи тој. Компанијата „Метрополдер“, која неодамна е купена од „Вејвин“, изработува зелени покриви за згради кои апсорбираат и акумулираат дождовница. - Концептот што го развиваме се заснова на холандскиот концепт на 'Полдер', кој подразбира паметно користење и управување со водата. Тоа значи дека дождовницата се собира на покривот и нејзината количина може да се контролира. Водата за пиење ја користиме за различни намени, а може лесно да биде заменета со дождовницата - за ладење на зградите, во индустријата, како и во тоалетот за одмивање на тоалетната школка или за перење алишта, појасни Клапвијк. Климатските промени истовремено резултираат со поинтензивни врнежи и со суши. Од друга страна, со растот на населението во светот, потребата од вода е сѐ поголема. Затоа, управувањето со водите е едно од клучните прашања на иднината.  си/паг/

Остани поврзан