• вторник, 24 декември 2024

Дождот го изгасна и пожарот во Националниот парк "Преспа" во Пустец

Дождот го изгасна и пожарот во Националниот парк

Дебар, 18 август 2024 (МИА) - По 12 дена изгаснат е пожарот во Националниот парк "Преспа" општина Пустец, Мала Преспа, објави на Фејсбук Нертил Јоле, префект на округот Корча, каде територијално припаѓа и општина Пустец.

- Панорама од нашата Преспа со прекрасна природа, по 12 дена пожари и борба со нив, што овозможи да се локализира пожарот. Во моментов ситуацијата е многу мирна, бидејќи во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта имаше врнежи од дожд и пад на температурата, напиша Јоле.

Наведува дека според прогнозата на Воената метеоролошка служба и утре ќе има врнежи од дожд па нема опасност од повторно разгорување.

- Сепак,  следните денови од администрацијата на Регионалната агенција за заштитени подрачја како и од службата на општина Пустец, ќе има мониторинг на терен за обезбедување, стои во објавата.

Тој упатува апел до граѓаните да бидат внимателни за да "не се уништува и да се заштити природното богатство".

Во пожарот беа уништени над 300 хектари. вт/вг/

Фото: фб на Нертил Јоле, преферк 

Остани поврзан